Лукашенко ја уапси најдобрата белоруска кошаркарка

Најдобрата белоруска кошаркарка Јелена Леученка е уапсена поради тоа што го крена гласот против диктатурата на претседателот на државата Александар Лукашенко. Леученка е една од спортистите кои ставија потпис на меморандум против актуелниот претседател на Белорусија и поради тоа тој нареди да биде уапсена.

Полицијата ја уапсила на аеродромот во Минск кога таа сакал да ја напушти државата. Белоруските медиуми пренесуваат дека има налог за спроведување и за трикратната медалистка од олимписките игри, Александра Херасимења која исто така е дел од спортистите кои се потпишаа на меморандумот против диктатурата на Лукашенко.

Ракометниот клуб Вициаз Леон одби да го одигра својот натпревар против Машека во белорускиот шампионат се додека Леученка не биде пуштена од притвор.

Се вчитува...