Љуљ: Ќе се вратам уште посилен во 2018 година

Најдобриот кошаркар на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, го пропушти вториот дел од 2017 година поради сериозна повреда на коленото, но вели дека ќе се врати уште посилен на паркетот во следната 2018 година. Тој на подготовките за Евробаскет ги скина лигаментите на коленото и напорно работи за да се врати во ритам.

„Оваа 2017 година беше тешка за мене. Заработив сериозна повреда, која ме оддалечи од терените. Но, секогаш ќе научите нешто ново, дури и при повреда, како да се однесувате и што да правите за да се вратите побрзо на паркетот. Возбуден сум и го чекам денот кога повторно ќе заиграм кошарка. Ќе бидам посилен од претходно, убеден сум во тоа“, порача Серхио Љуљ.

Се вчитува...