Љуљ: Задоволство е да играш кошарка во Белград

Гостувањето на Реал Мадрид во Белград против Црвена Звезда помина триумфално. Шпанскиот состав на крилјата на фантастичниот Таварес успеа да направи значајна предност во третата четвртина, а потоа истата и ја задржа за голема победа.

Натпреварот го одбележа фантастична атмосфера која ја приредија навивачите во „црвено-бело“, а легендата на Реал Мадрид, Серхио Љуљ не ја пропушти шансата да ги пофали по завршување на мечот. Тој на социјалните мрежи објави фотографија од мечот на која напиша:

„Голема победа во амбиент во кој е задоволство да се игра. Со колку страст се живее за кошарка во Србија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Llull (@23llull)

Се вчитува...