Љупче Дориев – играч на сезоната во Узбекистан!

Огромно признание за македонскиот интернационалец Љупче Дориев кој е избран за најдобар фудбалер на сезоната во шампионатот на Узбекистан, во изборот на Трансфермарк и организацијата на азиските шампиони.

Дориев кој зад себе има извонредна сезона е избран за најдобар фудбалер во Узбекистан за 2024 годна, пред неговиот соиграч од екипата на Согдијана, Владимир Јововиќ, а на третото место е Акмал Мозговој.

Најдобар тренер на годината во Узбекистан, пак, е прогласен Иван Бошковиќ, тренерот на Согдијана.

Сосема очекувано, 29-годишниот Љупче Дориев е избран и во идеалниот тим на узбекистанскиот шампионат за 2024 година. Дориев во 25 одиграни натпревари во Суперлигата постигна 12 гола, дополнети и со седум асистенции што го издвојува како убедливо најкорисниот фудбалер во првенството.

 

Се вчитува...