Лутиот Суарез го искина дресот на Барса… (видео)

Луис Суарез се најде во центарот на вниманието по вчерашната победа на Барселона против Лас Палмас од 3-0. Суарез приреди нешто кое сигурно нема да наиде на позитивен одзив кај навивачите на клубот, и тоа баш на денот кога беше одржуван референдум за независност на Каталонија.

Во 91. минута Суарез излезе пред голманот на Лас Палмас, по одличната асистенција од Меси, но промаши. А, потоа во лутина го искина дресот и го напушти теренот.

Суарез е далеку од посакуваната форма, па очигледно и фрустрациите почнуваат да избиваат на површина.

Се вчитува...