Лудило во Атина: Салата распродадена за 9. минути, 85.000 навивачи аплицирале за билети

Екипата на Олимпијакос ја распродаде арената „Мир и Пријателство“ во Атина за брзо време, за петтиот меч од плеј-офот во Евролигата против Фенербахче. 4.000 влезници, кои се продаваа исклучиво преку тикет провајдер, биле продадени за само 9 минути.

И беше јасно дека интересот за оваа кошаркарска класика ќе биде огромен, а неверојатен е податокот дека дури 85.000 навивачи поднеле апликација за билети. Од нив 80.000 ќе останат без нив.

Салата „Мир и пријателство“ собира 11.600 навивачи, но голем број од билетите се сезонски, па за овој меч беа пуштени само околу 4.000.

Натпреварот се игра во вторник, а победникот патува во Ф4 во Каунас. Барселона е првиот, и засега единствен тим кој обезбеди место на завршниот турнир.

Се вчитува...