Лузери на деценијата: Го „испуштија“ Халанд за 5.000 евра

Ерлинг Халанд важи за еден од најпосакуваните фудбалери во Европа, гигантите уште сега подготвуваат 70 милиони евра за клаузулата што ќе стапи во сила во јули 2021 година, но прашање е како ќе се одвиваше кариерата на младиот Норвежанец ако пред четири сезони челниците на Хофенхајм не водеа инает во преговорите со неговиот татко.

Имено, Ерлинг на 15 години одржа неколку тренинзи со една година повозрасни фудбалери и ги воодушеви сите во Хофенхајм. Кога се седна на маса за разговори, таткото на Халанд побарал 5.000 евра плата за својот син. Хофенхајм имаше „лимит“ од 2.000 евра што не го надминуваше за ниту еден млад фудбалер, не сакаше да направи исклучок за Норвежанецот, па тој се врати назад во татковината.

Халанд заврши во Молде, веднаш се наметна во младинските категории на овој норвешки клуб, а две години подоцна беше продаден на Салцбург за осум милиони евра. Сето останато е историја, по извонредната полусезона во австрискиот првак тој за 20 милиони евра беше продаден во Борусија Дортмунд, а „милионерите“ беа принудени во договорот да стават клаузула што го прави слободен наредното лето за отштета од 70 милиони евра.

Норвешкото чудо од дете е машина за пари за клубовите во кои настапува, а тој не го облече дресот на Хофенхајм, за само 5.000 евра.

Се вчитува...