М12: Феникс 2010 ја одбрани титулата, МВП признанието во рацете на Василов

Кошаркарите на Феникс 2010 се шампионите на првенството до 12 години по денешниот триумф од 93-82 над Водно Санс во големото финале кое се одржва во салата „Гемиџии“ во Велес.

Во дуелот на двете искучително талентирани тимови Феникс 2010 во втората четвртина стекна двоцифрена предноста која го одржуваше во позитива до самиот крај па немаше дилеми за освојувачот на трофејот.

За најкорисен играч на финалниот турнир е избран кошаркарот на Феникс 2010, Калин Василов.

Бронзениот медал му припадна на МЗТ Скопје кој славеше против домаќинот Борец Баскет со 50-40.

Се вчитува...