„Манчестер Јунајтед беше распуст во споредба со Јувентус“

Патрис Евра мина осум сезони во Манчестер јунајтед, освојуваше премиерлигашки титули и трофеј во Лигата на шампионите. На крајот од кариерата, во 2014 година стана дел од Јувентус. Французинот објаснува дека времето во Јунајтед било како распуст или празник во споредба со периодот во италијанскиот тим.

„Освоив многу трофеи со Манчесрер Јунајтед, но не се плашам да признаам дека времето таму беше распуст во споредба со периодот во Јувентус. Таму нема милост, играчите имаат еден слободен ден во месецот. Се тренира и на денот на натпреварот. Сум гледал играчи како повраќаат пред крајот на тренинзите. Од мене очекуваа на секој натпревар да истрчам по 12 километри, што збеше бесмислено со оглед дека ние секогаш ја имавме топката. Не ми се допаѓаше, но горд сум што минав две години таму“ – раскажува Евра.

Евра ја заврши кариерата во 2018 година во Вест Хем, откако го заврши двете сезони во Јувентус беше дел и од екипата на Олимпик Марсеј.

Се вчитува...