Мачван го повреди коленото и ја заврши сезоната

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија и член на Баерн Минхен, Милан Мачван, вчера го повреди коленото на средбата против Зенит во Еврокупот со што ја завршува сезоната. Повредата е сериозна, потврди и самиот кошаркар, а се случи во третата четвртина од мечот.

„Ми настрадаа предните вкрстени лигаменти и менискусот. Треба да ми направат операција со која ќе ми ги санираат двата проблеми, но засега не знам кога ќе се закаже зафатот“, истакна Мачван за српските медиуми.

Ова е голем удар за Саша Ѓорѓевиќ, како за неговиот Баерн Минхен така и за репрезентацијата, нема да можат да сметаат на искусниот центар за дуелите со Германија и со Австрија кои треба да се одиграат кон средината на февруари, во рамките од квалификациите за СП 2019 година.

Се вчитува...