Србија важи за кошаркарска велесила, па токму затоа изненадувачки е фактот дека оваа селекција игра добро на светските првенства и на Олимписките игри, но кога станува збор за Евробаскет шампионатите, таму нашиот северен сосед е далеку под своето ниво. Доволен доказ за тоа е и фактот дека не само што долго време се без медал, туку Србите своето последно финале го играле пред осум години, во Катовице, и беа поразени.
Еден од ретките кои беше дел од тој состав е искусниот Милан Мачван, кој токму од поразот од Шпанија (85-63) ќе црпи дополнителна мотивација за вечерашната пресметка со Словенците.
„Игравме полуфинале токму со Словенија во сабота, победивме и бевме пресреќни бидејќи тоа беше неочекуван пласман во финалето, кое се играше за помалку од 24 часа. Не можевме да заспиеме до 4 часот наутро, не бевме одморени ниту пак психолошки подготвени за тоа финале. Се уште не можам да прежалам што немавме барем еден ден одмор меѓу полуфиналето и финалето, за да се подготвиме како што треба. Сепак, тоа овојпат не е случај, максимално сме фокусирани на мечот и решени да ја искористиме оваа шанса што не смее да се пропушти“ – истакна Мачван за српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА