Маџовски: Годинава цел ни е полуфинале во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер ќе ја стартува новата сезона во регионалната СЕХА лига. Прв противник на битолчани ќе биде српскиот Партизан на кого ќе му гостуваат утре.

Крилото на „фармацевтите“ Бојан Маџовски вели дека не ги познаваат добро како тим, но ќе бидат добар тест пред европските натпревари кои ги чекаат во продолжение на сезоната. Вели дека главна цел на клубот во регионалното натпреварување годинава е пласман во полуфиналето.

„Партизан за нас е непозната екипа, но добар тест за европските натпревари. Можам да кажам дека имаме добар ритам и на добар пат сме и целиме на полуфинале во СЕХА лигата годинава“, изјави Маџовски. 

Натпреварот меѓу Партизан и Еурофарм Пелистер кој на програмата е утре ќе се игра со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...