Маџунков: Полска пак ќе биде „златна“, а за нас ова ЕП почнува од Португалија

Македонија има три порази без освоен сет на стартот на Евроволеј 2026, но тоа е сосема очекувано со оглед на реномето и квалитетот на првите противници, Бугарија, Украина и Полска.

Полјаците како актуелни европски прваци и со половина сили демонстрираа целосна надмоќ, но нашите репрезентативци остануваат максимално фокусирани на зацртаната цел уште од пред почетокот на ова ЕП, завршните две средби од групата против Португалија и Израел.

Победи на овие дуели ќе значат и пласман во следната фаза, а јасно е дека селекторот Миленкоски криеше дел од адутите токму за клучните пресметки со Португалија во вторник и со Израел в среда.

„Полска е актуелен европски првак и мислам дека овој тим ќе оди на уште едно злато. Лично сум задоволен од натпреварот. Одигравме добро, на некои моменти бевме и во егал, но нивниот квалитет е очигледен. Не се предадовме до крај. За нас првенството започнува од следниот натпревар. Одиме на две победи и се надевам на пласман во следната фаза“, истакна Филип Маџунков, средниот блокер во нашиот национален тим.

Се вчитува...