Мадрид е на нозе – да ги поздрави европските шампиони (фотогалерија)

Фудбалерите на Реал Мадрид помалку од 24 часа по освојувањето на најновата европска титула се појавија на плоштадот „Сибелес“, на традиционалната прослава со своите верни навивачи во срцето на шпанската престолнина.

„Кралевите“ предводени од претседателот Флорентино Перез најпрвин се појавија во една од главните катедрали во Мадрид, потоа беа поздравени од околу 100.000 фанови по улиците на Мадрид, за прославата да продолжи на „Сибелес“.

Шампионскиот круг се затвора во храмот на Реал, стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде Зидан и неговите избраници ќе бидат поздравени од верните навивачи за заокружување на новата успешна сезона, пред играчите да заминат на одмор или да се приклучат на подготовките на своите национални селекции за СП 2018.

Се вчитува...