Мадрид го слави Бензема, Баварците среќни со „минималниот“ пораз од Вилјареал (ВИДЕО)

Реал Мадрид со предност од 1-3 ќе го пречека Челси следната недела во реваншот од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Карим Бензема повторно беше херој на „кралевите“ откако, како и против Пари Сен Жермен и вечерва постигна хет-трик.

Французинот со два гола за три минути во 21. и 24. донесе брзо водство за Реал Мадрид од 0-2. До крајот на првото полувреме домаќините намалија на 1-2 со голот на Каи Хаверц во 40. минута. По големата грешка на голманот на домаќините Едуард Менди, Бензема на самиот старт на второто полувреме во 46. минута ги постави конечните 1-3.

Вилјареал изненадувачки славеше со 1-0 против Баерн Минхен во вториот вечерашен натпревар. И покрај победата домашниот тим треба да биде незадоволен бидејќи покрај голот на Данјума во 8. минута, „жолтата подморница“ имаше еден поништен гол со ВАР поради офсајд, една статива, а Жерар Морено не погоди од центар во стил на Дејан Станковиќ откако Нојер направи иста грешка како и против Интер која што се случи токму на денешен ден, а тогаш стрелаше Дејан Станковиќ.

 

Се вчитува...