Мадридска борба за Единсон Кавани

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани најверојатно ќе го напушти Пари Сен Жермен по завршувањето на оваа сезона, а веќе има две понуди од Мадрид. Реал и Атлетико се клубовите кои го посакуваат во своите редови.

Раководството на ПСЖ повторно има проблеми со финансискиот фер-плеј и ќе мора да продава на крајот од сезоната, а Кавани се споменува како еден од фудбалерите што би требало да заминат од „Паркот на принцовите“.

Атлетико Мадрид веќе подолг период го посакува Кавани како дополнување за тандемот Антоан Гризман – Диего Коста, а Реал Мадрид исто така има големи проблеми во навалниот ред оваа сезона по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Кавани дојде во ПСЖ од редовите на Наполи во 2013 година за сума од 64 милиони евра и во тоа време беше шести најскап фудбалер во светот.

Се вчитува...