Мадуеке се согласи на трансфер во Арсенал

Играчот на Челси, Нони Мадуеке се согласи да се пресели во другиот дел на Лондон, и да ја прифати понудата на Арсенал. 23-годишниот крилен фудбалер се договориле за сите услови.

Сепак, и натаму нема договор меѓу двата клуба за овој трансфер, но се поизвесно е дека офанзивниот играч ќе му се приклучи на Арсенал. Претходно и Виктор Ѓокереш се согласи на трансфер во таборот на „топчиите“.

„Сините“ имаат намера да добијат 50 милиони фунти за фудбалерот, кој минатата сезона постигна седум гола и имаше три асистенции, во 32 натпревари во Премиерлигата. Челси досега ги ангажираше Џејми Гитенс и Жоао Педро, па така Мадуеке ќе биде еден од оние кои ќе го напуштат клубот.

Се вчитува...