Маестрален гол на мечот во Келн: Домашните прокоцкаа предност од два гола (ВИДЕО)

Келн пропушти можност сериозно да се замеша во битката за шестата позиција во Бундес-лигата која носи евроопски излез, откако во 26. коло, веднаш по паузата поради пандемијата од коронавирусот, испушти сигурен триумф против Мајнц.

Келн имаше предност и од 2-0 на мечот на домашен терен, со головите на Ут од пенал уште во 6. минута и Кајнц во 53. минута.

Сепак гостите, на кои бодовите им се потребни во битката за опстанок, стигнаа до бод. Најпрво Авониџи во 61. минута ја намали предноста на Келн.

Маестрален гол запиша Кунде Малонг во 72. минута. Во соло слалом од 40 метри успеа да си се прошета покрај домашната одбрана и да постигне гол за конечни 2-2.


Се вчитува...