Маестралниот Фетел за прва победа на Ферари во Канада по онаа на Михаел Шумахер од 2004!

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел e победник на трката за Големата награда на Канада. Фетел на тој начин се врати и на првото место во генералниот пласман во Формула 1.

По вчерашните квалификации, Германецот комплетно доминираше и на денешната трка сосема заслужено стигнувајќи до 50-та своја победа во кариерата. Стартувајќи од пол позицијата во текот на целата трка Фетел контролираше се околу себе, на крајот неинтересно сосема заслужено стигнувајќи до победата.

Фетел триумфираше пред Валтери Ботас и Макс Верстапен, па сега е прв во генералниот пласман преземајќи ја водечката позиција од Луис Хамилтон кој во Канада разочара освојувајќи го петтото место зад Даниеле Рикаирдо. Во првите десет на патеката „Жил Вилнев“ беа уште Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Карлос Саинц, Естебан Окон и Шарл Леклер.

Фетел на тој начин обезбеди за Ферари прва победа во Канада после 2004 година кога на истото место триумфираше Михаел Шумахер.

Трката ја одбележа и еден бизарен момент на почетокот од последниот круг. Организаторите го појавија на патеката знамето го означува крај на трката, иако до крајот остана уште еден цел круг.

За Фетел ова беше втора победа во Канада, трета сезонава и вкупно 50-та во неговата кариера. Германецот се бори за петтата титула во најбрзиот циркус на светот со што би се израмнил со Хуан Мануел Фанџо.

Се вчитува...