„Маестро“ Димитријевиќ со најдобриот потег на колото во Еврокупот (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија запишаа убедлива победа против црногорскиот претставник Будуќност, а македонскиот интернационалец победата ја круниса со прекрасен потег во стилот на НБА ѕвездите.

Откако успеа да ја протне топката помеѓу двајца дефанзивци, плејмејкерот успеа да го „исврти“ и Јагодиќ-Куриџа под одбрачот и да асистира до Тоби за лесни поени, потег кој Еврокупот го категоризира како потег на колото.

Се вчитува...