Магдебург до третото место во ракометната ЛШ

Ракометарите на Магдебург го победија составот на Алборг со 32-26, и го освоија третото место во Лигата на шампионите, во денешното мало финале одиграно во Келн.

Германскиот тим уште по првиот дел ја осигура победата откако замина со шест голови предност (17-11), и до крајот само рутински го приведе до крај мечот.

Феликс Клар и Албин Легергрен со по шест гола беа најефикасни кај победничкиот тим, а исто толку постигна и Хоксер кај Алборг.

 

Се вчитува...