Магдебург е прв патник на Ф4 во Келн

Ракометарите на германскиот Магдебург се првите патници на Ф4 турнирот во Келн во Лигата на шампионите, откако во реванш натпреварот од четвртфиналето на домашен терен славеа против полската Висла Плоцк со 30-28.

Како и на првиот натпревар одигран во Полска пред седум дена, натпреварот почна тврдо. Двата тима играа цврсто во одбраната па на пауза се замина со реми 13-13.

На средината на второто полувреме Германците успеаја да стигнат до плус два и во последните десет минути да влезат со предност од 25-23. Слеудваше одговор од гостите кои во 53. минута повторно успеаја да стигнат до реми (26-26) и натпреварот да го внесат во неизвесна завршница.

Во следниот период во одбраната се истакна голманот Јенсен, а во нападот неверојатен беше Каи Смитс кој на три минути до крајот за првпат донесе плус три за Магдебург (29-26). До крајот успеаја да го исконтролираат резултатот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 30-28.

Каи Смитс со 14 гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Kосоротов постигна осум погодоци.

Се вчитува...