Магдебург е во финалето на Суперглоуб

Освојувачот на Лигата на Европа на ЕХФ, тимот на Магдебург, е првиот финалист на Суперглоуб откако во полуфиналната пресметка го совлада Алборг со 32-30. Данскиот првак по поразот во Скопје од Вардар во ЛШ денеска забележа нов неуспех, со што остана без шанса да се бори за светската клупска ракометна круна.

Магдебург супериорно го почна полуфиналето, експресно поведувајќи со 5-0. Предноста беше одржувана до 7-2 и 9-4, по што Данците со фуриозна игра во нападот успеаја да се вратат, па на одмор се замина со израмнети 18-18. Алборг беше тимот што беше подобар на стартот од второто полувреме, поведувајќи со 20-22, за Данците да ги имаат и најубедливите „плус три“ на овој меч кога стигнаа до предност од 21-24. Магдебург се врати и израмни на 25-25, по што германскиот состав ја презеде контролата над резултатот до крајот на полуфиналето и заслужено славеше со конечни 32-30.

Ривал на германскиот клуб во финалето од Суперглоуб ќе биде подобриот од вечерашното полуфинале меѓу Барселона и Пињерос од Бразил, во кое каталонскиот гигант важи за апсолутен фаворит.

Се вчитува...