Магдебург официјално потврди: Кузмановски ќе биде големо засилување за нас!

Германскиот бундеслигаш Магдебург и официјално го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој со овој клуб потпиша тригодишен договор од јуни 2019 година до јуни 2022 година.

За 22-годишниот Кузмановски останува уште една полусезона во редовите на Еурофарм Работник по што потоа се сели во Германија.

„Јас сум презадоволен што го добиваме еден од најталентираните ракометари во Европа. Покрај неговите 22 години, Филип Кузмановски има и големо интернационално искуство со настапите во Лигата на шампионите но и во дресот на македонската репрезентација на сите светски и европски првенства. Се работи за играч флексибилен во нападот и во одбраната. Филип беше цел на многу моќни клубови во Европа, а ние сме среќни што не одбра нас. Сега сакаме негов успешен настап на Светското првенство во Германија. Со нетрпение го очекуваме во нашите редови во следната сезона“ – вели тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт.

Кузмановски пролетва со Еурофарм Работник ќе настапува и во групната фаза од ЕХФ купот, по што потоа следи првиот за него интернационален предизвик.

Се вчитува...