Магдебург прв полуфиналист на Суперглоуб

Освојувачот на Лигата на Европа од минатата сезона, германски Магдебург е првиот финалист на Светското клупско ракометно натпреварување „Суперглоуб“. Бундеслигашот во четвртфиналето без поголеми проблеми славеше над катарскиот Ал-духаил со 35-23.

Катарците беа достоен противник само на почетокот на мечот кога имаа позитива од 7-4. Сепак, Германците со серија од 9-1 ги поставија работите на свое место и на пауза заминаа со предност од 9-16.

Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 35-23. Во полуфиналето Магдебург ќе игра против подобриот од мечот меѓу европскиот вицепрвак Алборг и Ал-вехда од Саудиска Арабија.

Се вчитува...