Магдевски: Честики до Пелистер за фер и коректната игра, енергијата го доби овој меч

МЗТ Скопје со „метла“ во полуфиналната серија против Пелистер се пласираше во ново финале на домашната сцена. Аеродромци одиграа нов одличен натпревар во кој беа на врвот на задачата во одбраната, добро го напаѓаа рекетот на „зелено-белите“, а и стигнаа до лесни поени од транзиција.

Еден од предводниците на „сино-белите“ на овој меч беше Андреј Магдевски, кој натпреварот го започна од клупата, но со 12 поени и 6 асистенции беше еден од позапазените играчи во својот тим.

„Тешка победа против одличната екипа на Пелистер која не случајно беше прва на табелата по регуларниот дел. Честитки за фер и коректната игра. Имавме осцилации во играта, не успеавме да го исконтролираме скокот, но енергијата не красеше цел натпревар, како и поените во транзиција. Нема многу време за славење, мора да одмориме добро и да се спремиме за искусната екипа на Еуро Никел“, изјави за ЕКИПА репрезентативецот.

Се вчитува...