Магдевски е на излезна врата од МЗТ Скопје

Андреј Магдевски е на добар пат да си замине од МЗТ Скопје, разделба што би требало да се официјализира во наредните 24 часа, дознава ЕКИПА.

Македонскиот репрезентативец по една година пауза се врати меѓу аеродромци, на голем дел од натпреварите важеше за резервна опција на плејмејкерската позиција, зад Американецот Кефи.

„Андреј Магдевски се уште е играч на МЗТ Скопје, но се водат разговори околу неговата иднина во клубот. Очекувам во текот на денешниот ден да бидат јасни сите детали“, изјави за ЕКИПА директорот на МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски.

Заминувањето на Магдевски ќе биде проблем плус во пресрет на важниот меч од АБА-лигата против Мега што на програмата е в недела. МЗТ неодамна се раздели и од Американецот Максвел, на чие место беше доведен српскиот центар Бурсаќ, кој своето АБА-лигашко деби за аеродромци би требало да го има токму против Мега.

Се вчитува...