Магдевски пред Слобода: Мора да го подигнеме нивото на енергија

По триумфот во неизвесната завршница на првиот натпревар на „балонот“ во Бања Лука, аеродромци денеска од 13 часот силите ќе си ги одмерат против составот на Слобода Ужице. За да слават над денешниот противик, аеродромци ќе мораат да одиграат на ниво сите 40 минути, за разлика од дуелот против Хелиос, каде „сино-белите“ забележаа голем пад во играта во второто полувреме.

„Против екипата на Хелиос имавме добри моменти како во одбраната, така и во нападот, енергетски бевме на ниво, но во второто полувреме имавме и осцилации па натпреварот заврши во егал завршница, за среќа во наша корист“ – изјави за ЕКИПА, Андреј Магдевски.

Екипата на Слобода е состав кој што ја базира својата игра во рекетот, а добриот проток на топката им носи отворени шута кон противничкиот кош, па клучно на денешниот дуел за избраниците на Кочов ќе биде да се наруши ритамот на бековската линија и да се се исконтролира скокот.

„Младата екипа на Слобода ќе биде мотивирана и растеретана па мораме да го дигнеме нивото на енергија уште погоре, да ја спречиме нивната транзиција и да одиграме паметно и стрпливо“ – додаде бекот на МЗТ Скопје.

 

Се вчитува...