Македонија ќе игра во квалификациите за пласман на Европското првенство кое е на програмата во 2025 година. Нашите најдобри кошаркари успешно ги поминаа претквалификациите. За тоа им беа потребни пет победи во шест одиграни натпревари од „Д“ групата, па од ноември ќе бидат меѓу оние 32 селекции кои ќе се борат за 24 места на Евробаскетот.
Андреј Магдевски се надева дека сето ова е само еден добар почеток за нашиот национален тим.
„Се надевам дека ова е само почеток и дека ни следат повеќе успеси во иднина. На сите им посакувам успешен втор дел од сезоната. Можам да кажам дека бевме најдобри на најважниот натпревар во овој циклус. Во Осло покажавме каратер и заслужено победивме. Имавме повеќе енергија од противникот, не дозволивме нивниот главен креатор да ја разигра екипата и со една тимска игра во нападот стигнавме до посакуваните квалификации. Нема да застанеме овде. Она што е најважно е сите да останеме здрави, и на лето, во најдобар состав, да продолжиме да победуваме. Извесно е дека прво нè чекаат претквалфикации за Олимпијадата во Париз, што дефинитивно ќе биде ново искуство за сите нас во тимот, а потоа доаѓаат и европските квалификации. Имаме добри шанси за уште еднаш да играме на еден Евробаскет. Ни останува подготвени да го дочекаме следните предизвици“, вели Магдевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА