„Магија“ на Дембеле за пресврт на Лион над Олимпик Марсеј (ВИДЕО)

Во француското дерби вечерва, екипата на Лион на домашен терен славеше над Олимпик Марсеј со 2-1, со гол во претпоследната минута од средбата со пресврт, по водството на Марсеј во првиот дел.

Гендузи донесе водство на Марсеј во 10. минута по асистенција на Паје. Во вториот дел далеку подобро заигра Лион, и Шаќири со глава го совлада Пау Лопез за 1-1, а потоа Дембеле во 89. минута вистинска мајсторија. По асистенција од Шаќири, Дембеле одлично го мина Салиба, и го лобуваше голманот Пау Лопез за целосен пресврт.

Се вчитува...