Магија на Мбапе во Јапонија, ПСЖ лесно ја победи Урава

ПСЖ забележа уште една рутинска победа на турнејата во Јапонија откако „светците“ денеска славеа со 3-0 над составот на Урава.

Сарабија беше стрелец на првиот погодок по 16 минути игра, а најубавиот потег на мечот го имаше Килијан Мбапе при вториот гол за ПСЖ, постигнат во 35. минута. Францускиот ас најпрвин одлично се ослободи од своите противници, за маестрално да стрела од „мртов агол“ крај првиот дирек во мрежата на Јапонците.

Конечните 3-0 во вториот дел ги постави младиот Калимуендо, кој влезе во игра во 46. минута на местото на Сарабија.

 

Се вчитува...