Лео Меси го постигна својот прв погодок по смртта на својот татко запишувајќи се меѓу стрелците на дуелот со Филаделфија, на кој Интер Мајами сепак не успеа да дојде до цел плен и мораше да се задоволи само со еден бод (2-2).
Токму погодокот на Меси донесе водство од 1-2 по раната предност на домашната екипа, сите соиграчи дотрчаа да прослават со Аргентинецот, кој на крајот покажа со рацете кон небото, јасен знак кому го посветува овој погодок.
Филаделфија сепак стигна до израммнување во второто полувреме, со што „црната серија“ на Интер Мајами сега изнесува четири натпревари без победа, најдолга ваква серија сезонава.
¡GOOOL de Leo Messi a favor de @InterMiamiCF!
El 🇦🇷🐐 engancha dentro del área, busca el espacio y lanza un remate para el desempate. pic.twitter.com/xgeY695nyW
— MLS Español (@MLSes) August 20, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
