Магија на Теодосиќ: Го прати Тонут „по бурек“, па со тројка ја крена цела „Арена“ на нозе (видео)

Милош Теодосиќ покажува дека и на залезот на кариерата се уште е кошаркарски генијалец, нов доказ за тоа видовме во финишот од првото полувреме на вечерашниот дуел меѓу Црвена Звезда и Милано.

Теодосиќ тргна во соло-акција, најпрвин со мајсторска финта го „прати по бурек“ чуварот Тонут, по што шутираше прецизно за тројка и минимално водство на Црвена Звезда на паузата меѓу двете полувремиња, за тотална еуфорија на домашните навивачи во белградска „Арена“.

Уживајте во оваа мајсторија на Милош Теодосиќ…

Се вчитува...