„Магијата“ во Палермо не ги остави рамнодушни фудбалските гиганти – Барди на „мета“ на Валенсија и на Фенербахче!?

Енис Барди одигра одличен натпревар во Палермо на дуелот против Италија, а ваквите негови перформанси не останаа незабележани од фудбалските гиганти.

Барди е еден од важните играчи во составот на „црвено-жолтите“. Сепак, од друга страна со екипата на Леванте е последнопласиран во шпанската „Ла Лига“ и води грчевита борба за опстанок, иако веќе многумина го отпишуваат од трката за останување во елитата.

За нашиот играч има интерес и од Серија А, а исто така се шпекулира дека во трката за потписот на Барди се наоѓа и турскиот гигант Фенербахче.l

Во меѓувреме друг клуб од најсилното шпанско првенство кој моментно е на деветтото место, Валенсија ја следи ситуацијата со нашиот играч.

Барди има важечки договор со Леванте до 30 јуни 2022 година, но има опција во договорот која вели дека може да ја продолжи соработката на уште една година.

Се вчитува...