Махмудов потпиша за ерменски Пјуник

Македонскиот напаѓач Денис Махмудов кариерата ќе ја продолжи во ерменски Пјуник.

29-годишниот Махмудов, по разделбата со холандски Ексцелсиор, се одлучи кариерата да ја продолжи во Пјуник, тимот кој во првото квалификациско коло од Лига Европа го елиминираше Шкупи.

Пред Ексцелсиор, Махмудов настапуваше и за Дордрехт, Телстар, Цволе, Спарта Ротердам во холандските шампионати. Претходно беше веќе во ерменското првенство, но во дресот на Банантс.

 

Се вчитува...