Махрез пред трансфер во Арсенал

Алжирскиот интернационалец Ријад Махрез се наоѓа на излезна врата од Лестер, а сака својата кариера да ја продолжи во Арсенал. Откако му пропадна можноста за трансфер во редовите на Барселона, со оглед дека новиот тренер Ернесто Валверде има други планови за засилувања, Махрез јасно ја покажува својата намера да стане нов „топчија“.

Според англиските медиуми, Махрез веќе имал разговори со менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, и ја искажал својата решеност да пристигне на „Емирати“. Сега раководството на Арсенал треба да ја комплетира работата околу трансферот, со конкретни преговори со Лестер.

Арсен Венгер е подготвен да плати околу 30 милиони евра за ангажман на одличниот крилен играч на Лестер.

Се вчитува...