Мајами е шампион на Исток, оди во битка со Лос Анџелес Лејкерс за НБА титулата (ВИДЕО)

Мајами е шампион на Источната конференција и ќе им се противстави на Лос Анџелес Лејкерс во финалето на НБА лигата во битката за титулата. „Жешките“ со вкупни 4-2 во победи го добија источното финале со Бостон откако во натпреварот број шест славеа со 125-113 и го обезбедија четвртиот триумф кој ги води на „лејкерс“.

Одличната завршна четвртина и Бам Адебајо кој постигна 32 поени придонесоа за победата на Мајами. Во последните 12 минути, Мајами беше подобар со 10 поени плус, а претходно се водеше израмнета битка, двете екипи добија по една четвртина во првото полувреме, третиот сегмент беше со изедначен резултат.

 

 

Покрај Адебајо, добар натпревар имаа и Џими Батлер кој постигна 22 поени и младиот Тајлер Херо кој заврши со 19 поени. Џејлен Браун со 26 и Џејсон Тејтум со 24 поени беа најефикасни кај Бостон. Маркус Смарт и Кемба Вокер имаа по 20 поени.

 

 

 

Се вчитува...