Мајами го прегази Бостон за 3-0 во финалето на Истокот

Кошаркарите на Мајами се на победа од големото финале во НБА лигата откако во третиот натпревар од конференциското финале на Истокот славеа со 128-102 против Бостон. Тоа е трета победа во серијата со која Хит се најде на само чекор од нова битка за титула.

Мајами до двоцифрена предност стигна уште во првата четвртина (30-20) и не запре до крајот на натпреварот. На полувремето имаше предност од 61-46, во третата четвртина стигна и до највисоките +33 (89-56) по што немаше проблем да приреди мирен крај на натпреварот.

Со 29 поени прво име кај Мајами беше Винсент, а него го следеше Робинсон со 22 поени. Најрасположен кај Бостон беше Тејтум со 14 поени и 10 скокови, а Адебајо постигна еден поен помалку.

Се вчитува...