Мајами се врати од „минус 17“ и поведе со 2-0 во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Мајами Хит поведе со 2-0 во финалето на Запдната конференција откако во натпреварот број два славеше над Бостон Селтикс со 101-106.

Селтикс подобро го отворија натпреварот и на полувреме заминаа со предност од тринаесет поени (60-47). Сепак, клучна беше третата четвртина која Хит ја доби со плус 20, разлика која беше доволна за конечен триумф од 106-101. Горан Драгиќ со 25 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Бем Адебајо уфрли 21. Кај Селтикс, Кемба Вокер натпреварот го заврши со 23, додека Џејсон Тејтум и Џејлен Браун уфрлија по 21.

Се вчитува...