Мајк Дантони веќе не е тренер на Хјустон Рокетс

Мајк Дантони објави дека следната сезона нема да го предводи Хјустон Рокетс во НБА лигата. Тој ги напушта Рокетс по четири години во кои требаше да го одведе тимот до шампионскиот прстен. Годинава беа елиминирани во полуфиналето на Западот од ЛА Лејкерс, додека пред две години тимот беше најблиску до титулата, кога во финалето на Западната конференција во „мајсторката“ загуби од Голден Стејт Вориорс.

Како нов тренер на Хјустон Рокетс се поврзува името на Чонси Билапс, додека Дентони би можел да премине во Филаделфија 76 која исто така остана без тренер.

 

Се вчитува...