Најдобриот стрелец во историјата на Евролигата, Мајк Џејмс, ќе има можност за прв пат да игра за репрезентацијата на САД, бидејќи 35-годишникот е на списокот од дванаесетмина за јулскиот ФИБА прозорец.
Со сигурност може да се каже дека плејмејкерот висок 183 центиметри ќе го предводи овој тим, во кој има и едно НБА име. Станува збор за центарот на Индијана, Џеј Хаф, кој се истакна минатата сезона, иако Пејсерси очигледно се бореа за подобра позиција на следниот драфт.
Тренерот Стивен Сајлас се враќа да ги предводи САД за третиот ФИБА прозорец. Дел од репрезентацијата ќе биде и Мет Рајан, кој неодамна ги напушти редовите на Дубаи, со кого ја освои АБА лигата.
САД имаат скор од 3-1 во квалификациската група А, каде што го делат првото место со Доминиканската Република. На крајот на август ги очекува нов ФИБА прозорец и продолжување на квалификациите во форма на два натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
