Мајк Тајсон ги предизвикува Фјури, Џошуа, Вајлдер?

Мајк Тајсон ќе се врати во рингот во егзибицискиот меч против Рој Џонсон Јуниор кој е закажан за 28. ноември. Но, доколку борбата помине според очекуваното и „Челичниот Мајк“ дојде до победа од неговиот тим предупредуваат дека тој би можел да се бори и за титулата светски шампион во тешка категорија. Според последните информации тој го засилил интензитетот на работа и дневно тренира од шест до осум часа.

„Мислам дека Мајк може многу повеќе, може да се бори за титулата светски шампион. Сите кои мислат дека тоа е невозможно, грешат, живеат во заблуда. Работам со него секој ден, го гледам колку е посветен. Мислам дека најдоброто допрва доаѓа од него. Подготвен е и силен, неговата техника е специфична. Мислам дека може да се подготви за Фјури, Џошуа, Вајлдер…“, изјави тренерот на Мајк Тајсон, Рафаел Кордеиро. 

За потсетување Мајк Тајсон е најмладиот шампион во тешка категорија, а последната официјална борба ја имаше пред петнаесет години кога загуби од Кевин Мекбрајд.

Се вчитува...