Мајк Тајсон повторно се најде во центарот на внинманието на боксерската јавност откако обелодени дека се во завршна фаза преговорите за тој да влезе во рингот со легендарниот Флојд Мејведер.
Иако во последните месеци се говореше многу за нова борба меѓу Мејведер и Мени Пакајо, Тајсон верува дека тој ќе биде следниот ривал на Флојд. Како што обелодени „челичниот Мајк“, оваа борба би можела да се одржи во почетните месеци од 2026 година.
„Се разговара подолго време, но сега сме многу блиску до целосен договор. Говориме за брза борба на почетокот на 2026, најдоцна до март или до април. Меѓу мене и Флојд Мејведер нема зла крв, но сакаме оваа борба да се случи бидејќи со неа боксот ќе биде кренат на едно повисоко ниво. Што очекувам? Мејведер да биде нокаутиран, тоа го очекувам“, прокоментира во свој стил Мајк Тајсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

