Мајк Тајсон се враќа во рингот: Прва негова борба по 15 години

По 15 години љубителите на боксот ноќта меѓу сабота и недела повторно ќе го имаат пред себе Мајк Тајсон во рингот.

Со 54 години ќе се соочи со три години помладиот Рој Џонс, уште еден боксерски шампион кој се одлучи да се врати во рингот.

Се работи за егзибициски меч во кој Тајсон ќе заработи околу десет милиони долари, а Џонс околу три милиони долари. Тајсон се обврза дека целокупната заработка ќе ја даде во хуманитарни цели, што е една од најголемите донации на еден спортист во модерната историја.

Ќе се боксуваат осум рунди од по две, место стандардните три минути. На вагањето пред борбата, Тајсон имаше 100 килограми, а противникот е полесен од него пет килограми.

Тајсон и Џонс никогаш претходно не се сретнале во рингот затоа што при крајот на кариерата на Мајк, Рој Џонс по победата над Клифорд Етиен ја одби борбата затоа што мислеше дека понудените 33 милиони долари за него се премалку.

Бокс натпреварот меѓу Тајсон и Џонс утре наутро почнува од 04 часот по македонско време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

Се вчитува...