Мајк Тајсон со нов бизнис – купи ранч за марихуана

Боксерската легенда Мајк Тајсон се реши за нов бизнис-потег, купувајќи ранч за одгледување на марихуана во Калифорнија. „Челичниот Мајк“ планира да го искористи фактот дека медицинската марихуана е легална во Калифорнија купувајќи земјиште од 40 ари, во град со 15.000 жители. На него покрај огромната површина со насади ќе има и амфитеатар, како и реон за кампинг со луксузни апартмани.

Како дел од ранчот Тајсон и неговите партнери Џеј Стромен и Роберт Хикман ќе имаат и дел за дополнителни испитувања на марихуаната што ќе се одгледува, за подобрување на клинички перформанси.

Исто така, предвиден е и отворање на сопствена школа за фармерите од околината, каде би им се давале совети за развој на нивните насади, под наслов „Култивациска школа Тајсон“.

 

Се вчитува...