Тајсон во непрепознатливо издание – фан го провоцирал, тој не возвратил…

По 15 години надвор од боксот, Мајк Тајсон се врати во рингот на егзибицискиот меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес каде ги одмери силите со Рој Џонс Џуниор.

Мечот кој траеше осум рунди заврши без победник, а „третото полувреме“ следело надвор од арената каде Тајсон го чекале бројни навивачи. Додека 54-годишниот боксер ја исполнувал жеблата на своите симпатизери и делел автограми, му пришло машко лице кое почнало да го навредува и да бара борба со него.

Тајсон кој во својата младост жестоко би возвратил, овој пат, изненадувачки останал смирен, а се пошегувал и дека тоа најверојатно нема да заврши добро по „фанот“. Одговорот на „Челичниот Мајк“ дополнително го вознемирил „предизвикувачот“, кој според очевидци се заканил и со оружје, меѓутоа брзата интервенција на телохранителите на Тајсон спречил голем инцидент.

Непознатиот напаѓач побегнал, а полицијата се уште трага по него.

Се вчитува...