Голема трагедија го погоди семејството на поранешниот НБА кошаркар Себастијан Телфер. Од Ковид-19 починаа мајката Ерика и братот Ден Тарнер.
„Дајте ми да ги видам тие рендгенски снимки. Јас не сум експерт, туку многу ме погоди ова се“, напиша накратко Телфер на инстаграм.
Себастијан Телфер беше избран за 14. пик на НБА драфтот во 2004 година од страна на Портланд, а во кариерата настапуваше и за Бостон, Минесота, ЛА Клиперс, Кливленд, Феникс, Торонто и Оклахома Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА