Мајката на Рабио открива: Адриен го третираат како затвореник во ПСЖ

Адриен Рабио е затвореник во Пари Сен Жермен и набрзо може да биде оставен на леб и вода, а да тренира во подрум, открива неговата мајка Вероника, која му е и фудбалски агент. Фудбалерот подолг период одбива да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната, а клубот ги користи сите можни ресурси за да му направи притисок. Тој е префрлен во Б-тимот, комплетно е отфрлен.

 

„Тоа што му го прават на Адриен не е хумано. Го третираат буквално како затвореник. Следното е да добива само леб и вода и тренира во подрум. Не би сакала навистина што се му се случува. Дали е нормално професионален фудбалер кој не е повреден, да биде оставен 13 дена без тренинг, затоа што го заборавиле? Не знам тогаш зошто клубот е фокусиран што прави Адриен во приватниот живот, кога тие воопшто не се грижат ниту тој да тренира. Тоа е неверојатно злобна средина. Има фудбалери кои доцнат на тренинзи и не се казнети, а други си одат на карневал во Рио и глумат дека се повредени“, открива Вероника Рабио во ексклузивното интервју за францускиот „Л’Екип“.

Адриен Рабио ова лето ќе си замине од ПСЖ, а најблиску до негов потпис е Барселона.

 

Се вчитува...