Мајкл Џордан го доведе „супермен“

Двајт Хауард повторно ќе ги менува клупските бои откако раководството на Атланта хоукс нездовлно од неговиот придонес реши да се откаже од доминантниот центар, кој ќе биде испратен во тимот на Шарлот хорнетс.Првиот човек на Шарлот, Мајкл Џордан, се согласи за Хауард да ги испрати во Атланта Мајл Пламли и Марко Белинели, а Атланта ќе го добие и 41. пик на овогодинешниот драфт. Кошаркарскиот „супермен“ доаѓа во Шарлот на барање на тренерот Стив Клифорд, кој имаше одлична соработка со овој кошаркар додека беше помошен тренер во Орландо, клубот во кој Хауард играше во најдобра форма во својата кариера.Воедно, во текот на минатата ноќ беше реализиран и „рејд“ меѓу ЛА лејкерс и Бруклин нетс, со кој „езерџиите“ го добија Брук Лопез и 27. пик на драфтот, во размена за Тимофеј Мозгов и ДиАнџело Расел. 

Се вчитува...