Мајнц го изненади Лајпциг на стартот на сезоната во Бундеслигата (ВИДЕО)

Мајнц славеше со 1-0 над Ред Бул Лајпциг во натпревар од 1. коло во германската Бундеслига. Клучниот момент на натпреварот се случи уште во 13. минутата кога Ниаките донесе водство за домаќините кое на крајот се покажа и како доволно за прв триумф.

Во вториот дел Лајпциг се обиде да се врати во мечот, но не успеа да ги искористи неколкуте шанси кои ги имаше.

 

 

Се вчитува...